12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија го потресе Балканот, фудбалер загина во Босна и Херцеговина

Мерсед Пудиловиќ (32), фудбалер на нисколигашки клуб во Босна и Херцеговина, загина во тешка несреќа што се случи во рудник во близина на Тузла.

Пудиловиќ играше за НК Младост Суха, нисколигаш во Босна и Херцеговина.

Токму овој клуб се прости од него.

„Нашиот тим беше погоден од навистина тажни вести. Во несреќен случај животот го загуби играчот на нашиот клуб Мерсед Пудиловиќ Таран. Немаме доволно зборови да ја опишеме оваа тага и болка што не зафати по веста дека Таран повеќе не е меѓу нас. Во име на управата, играчите и навивачите изразуваме најдлабоко сочувство до семејството“, се наведува на официјалната Фејсбук страница на Младост.

Спонзорирано: