12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повторно уапсени браќата Тејт

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и брат му Тристан се уапсени во Романија под нови обвиненија за сексуално насилство. Браќата се приведени синоќа под обвинение поврзани во периодот меѓу 2012 и 2015 година, пишува „Скај њуз“.

Судот во Лондон издаде налози за апсење, а истрагата е во тек. Ендрју (37) и Тристан (35) ги негираат сите обвиненија против нив. Нивните претставници рекоа дека се „целосно посветени на оспорување на обвиненијата“. Браќата се соочуваат со обвиненија за силување и трговија со луѓе во Романија, каде што живеат.

Тие претходно беа во затвор, а подоцна и во домашен притвор. Тие се обвинети дека заедно со две Романки создале криминална група за шверц на луѓе во Романија и други земји, вклучително и САД и Велика Британија.

Тејт ја доби жалбата во август минатата година по што беше ослободен од домашен притвор. Тој во моментот го чека датумот на судење. На браќата им било кажано дека може да патуваат каде било во Романија, но не може да ја напуштат земјата. Во јануари романскиот суд исто така ја поништи одлуката за заплена на имотот на Тејт, со што му врати пристап до неговите суперавтомобили, недвижен имот и дизајнерски часовници.

Обвинителите запленија 15 луксузни возила и повеќе од 10 имоти и домови на осомничените за да ги спречат да го продадат или скријат имотот. Одземени се и 14 дизајнерски рачни часовници и готовина, а надлежните го процениле одземениот имот на 3,6 милиони евра.

Тејт, поранешен кик-боксер и натпреварувач на „Големиот брат“, во последните години стекна милиони фанови на социјалните мрежи. Тој има 8,9 милиони следбеници на „Икс“, но е забранет од неколку други платформи, вклучително и „Тик-ток“ поради неговите мизогини ставови.

Спонзорирано: