11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинците се повлекоа од две села

Портпаролот на украинската војска Дмитро Лихови изјави дека украинските сили се повлекле од селата Северне и Степове откако еден ден претходно го напуштија и селото Ласточкине.

„Нашите сили се повлекоа од малите села Северне и Степове. Тешките борби за Северне продолжија вчера вечерта и во текот на ноќта“, рече Лихови, додавајќи дека Русија претрпела значителни загуби во борбите. Според него, армијата се повлекува на позиции кои се на ниво на останатиот дел од линијата на источниот фронт и се попогодни за одбрана.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека го зазело Северне две години и три дена по почетокот на „специјалната воена операција“.

Спонзорирано: