11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради обилните врнежи во Венето, во сила е црвено предупредување, возовите запрени, училиштата затворени

Италијанските власти прогласија црвен аларм за делови од регионот Венето поради екстремните временски услови бидејќи бранот обилни врнежи и силни ветрови продолжуваат да погодуваат поголем дел од Италија.

Други делови од регионите Венето и Емилија-Ромања се под портокалова тревога, втора најсилна, поради временските услови, кои исто така донесоа обилни снежни врнежи во областите на повисоките места, пренесува „Анса“.

Сообраќајот на линијата Милано – Венеција меѓу Виченца и Падова и денеска е во прекин откога во вторникот возовите беа запрени поради опасност од поплави и лизгање на земјиштето.

Спонзорирано: