11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени се телата на ТВ водител и неговиот партнер

Австралиската полиција ги пронајде телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис, кои наводно биле убиени од полицаецот Боу Ламар-Кондон, поранешното момче на водителот.

Полицијата соопшти дека Ламар претходно денеска им дал информации кои ги довеле до телото, пронајдено во рурална област на околу 200 километри југозападно од Сиднеј, пренесува АП. „Уверени сме дека ги најдовме Лук и Џеси“, изјави началникот на полицијата Карен Веб.

Злосторството наводно било извршено во Падингтон, каде бил пронајден куршум што одговарал на службениот пиштол на полицаецот, заедно со значително количество крв и знаци на борба.

Телата биле откриени на фарма во градот Бангонија, а полицијата пронашла облека обоена со крв, телефон и кредитни картички во контејнер во Кронула, 28 километри од местото на злосторството. Ламар-Кондон минатата недела беше обвинет за двојното убиство.

Спонзорирано: