11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Имаме оружје што со еден удар би ги уништило Њујорк и Јужна Каролина

Коментарите на Доналд Трамп за опасноста од нуклеарно оружје што „би можело да ги уништи и Њујорк и Јужна Каролина“ предизвикаа бројни реакции во САД.

За време на интервјуто со водителката на „Фокс Њуз“, Лора Инграхам, Трамп рече дека е загрижен за безбедноста на неговите поддржувачи.

„Загрижен сум за нивната безбедност. Овие луѓе, како и сите во оваа просторија, се во голема опасност во моментов. Има нуклеарно оружје кое, ако го погоди Њујорк, ќе ја уништи Јужна Каролина“, рече Трамп.

Инаку, Јужна Каролина е родната држава на Ники Хејли, противкандидатката на Трамп во борбата за републиканската претседателска номинација. Засега нема објаснување што точно мислел Трамп, а многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите тврдења, пренесуваат медиумите во светот.

Спонзорирано: