9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прекин на услугите за мобилни телефони во САД

Утрово ширум Соединетите Американски Држави дошло до голем прекин во работењето на мобилната телефонија поради што некои полициски сектори оневозможиле да примаат итни повици.

Според податоците на онлајн платформата Dawn Detektor, која на корисниците им обезбедува информации за статусот на различни услуги во реално време, најголем број проблеми со перикидите имал телекомуникацискиот оператор AT&T, кој околу 4:30 часот добил речиси 32.000 поплаки.

Повеќе од 800 прекини на услугата беа пријавени и кај операторите T-Mobile и Verizon, а имаше проблеми и кај помалите оператори како Boost Mobile, Consumer Cellular и Straight Talk Wireless, објави Њујорк пост.

Би-Би-Си објави дека корисниците рекле дека нивните телефони прикажуваат СОС-порака, поради што не можат да остваруваат повици или да пристапуваат до услугите.

Се уште не е позната причината за уривањето.

AT&T одговори на поплаките на клиентите преку интернет, додека Verizon рече дека неговата мрежа работи нормално, како и T-Mobil, кој додаде дека клиентите може да имаат проблеми со појдовните повици кон друга мрежа.

Спонзорирано: