10.8 C
Скопје
5. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Вознемирувачко видео) Гром уби фудбалер среде натпревар, на социјалните мрежи се споделува снимката

Трагедија каква што не се памети се случи во Индонезија. За време на натпреварот помеѓу локалните тимови 2 FLO Bandung и FBI Subang гром го уби фудбалерот Септиан Рахарја.

Снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи, а се се случи среде натпревар.

Гром го погоди Рахарја, а од силината на ударот уште двајца соиграчи паднаа на тревата.

„Инцидентот се случи кога гром ја погоди жртвата на стадионот. Неговото име е Септиан Рахарја, тој е од Субанг“, откри полицијата.

Рахарја имал 34 години, локалните медиуми објавија дека дишел по ударот на гром, но дека починал набргу откако бил примен во болница.

Ова е втор пат гром да удри во фудбалер во Индонезија, откако тоа му се случи на млад фудбалер од Источна Јава на натпревар меѓу екипи до 13 години.

Тој млад човек преживеа.