10.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украински кошаркар “избегал” од војната, но беше избоден до смрт во Германија

Украинскиот кошаркар Володимир Јермаков (17) во неделата вечерта бил избоден од 15-годишник во Оберхаузен, по што починал.

Овој 17-годишник бил со постар соиграч на пат кон железничката станица, по што споменатиот 15-годишник и неговите пријатели без причина ги испровоцирале.

Планирале со воз да се вратат дома во Дизелдорф, по што биле нападнати, а Јермаков починал по операција во болница.

Неговиот соиграч Артјом Козаченко е тешко повреден, сторителите побегнале, но полицијата со видео снимка успеала да го идентификува напаѓачот, за кој се знае дека е повторувач.

Двајца млади лица кои се осомничени се уапсени дома во неделата, а според информациите на Билд, главен осомничен е германско-турски студент од Гелзенкирхен. Неговиот помошник е германски Грк од Херне кој и е познат на полицијата.

И Кошаркарската федерација на Украина и нејзиниот клуб Art Giants Дизелдорф јавно изразија сочувство до семејството на починатиот кошаркар.

Споменатиот Јермаков настапуваше за јуниорите на германскиот клуб, а беше и во репрезентацијата на Украина до 18 години, а повремено тренираше со професионалци во Дизелдорф.

Тој избега од војната во Украина во јули 2023 година и се насели во Дизелдорф, а германскиот тим го опишува како многу популарен меѓу тренерите, соиграчите и пријателите.

Ќе остане запаметен како млад човек чие секојдневие се карактеризираше со чиста животна радост и спортски амбиции“, стои на официјалната веб-страница на клубот од Дизелдорф.