10.8 C
Скопје
5. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Потребна е политичка мудрост и политичка фрагматичност да моментите кои се пружаат се искористат за просперитет на државата

„Преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија за полно правно членство во ЕУ не е бугарска рамка, туку е преговарачка рамка утврдена консензуелно на министерскиот совет на ЕУ каде членуваат 29 држави. Тоа значи дека треба да убедиме 29 влади да ја сменат преговарачката рамка за Македонија,“ рече Петре Шилегов, член на ИО на СДСМ, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Шилегов посочи дека најголеми противници на македонската држава, дури во балканските процеси во создавање на држави, се и сегашните кои се сегашните кои се обиидуваат да го блокираат просперитетот на државата. Како и дека токму затоа е потребна политичка мудрост и политичка фрагматичност да моментите кои се пружаат се искористат без оглед колку се болни.

Тој се осврна на годината 1994 кога се зборувало за пропаст на светот во Македонија затоа што ние ке влеземе во ООН како ФИРОМ. Како и дека државата ја продава СДСМ, меѓутоа со тој чекор кој што не бил едноставен особено кога се носат за националните чувства одлуки Македонија влезе во ООН, со чекорот на промена на името станавме НАТО членка, со внесување на бугарите во Преамбулата на Уставот, ги почнуваме преговорите со ЕУ. Во идеални услови, рече Шилегов, би можеле да станеме полноправна членка до 2030година.

Тој посочи дека, ако тоа не се реши сега, друга генерација ќе има покомплексно прашање за решавање.

Спонзорирано: