10.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: Терминалите на „Старлинк“ не се официјално испорачани или користени во Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека комуникациските терминали „Старлинк“ не се сертифицирани во Русија и затоа не може официјално да бидат испорачани во Москва и да се користат.

„Овој систем не е сертифициран овде во Русија, така што не може официјално да биде испорачан овде и не е испорачан. Тоа значи дека не може официјално да се користи на кој било начин“, им рече Песков на новинарите на прашањето за потенцијалната употреба на „Старлинк“ во Русија. јавува ТАСС.

Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск претходно изјави дека сателитските комуникациски терминали „Старлинк“ развиени од неговата компанија „Спејс икс“ никогаш не биле продадени на Русија и ги демантира извештаите на медиумите повикувајќи се на извори од украинската војска дека руските сили наводно ги користат тие терминали.