5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Падна дрво во шпански забавен парк, 14 повредени

Паѓањето на дрво на атракција во паркот ПортАвентура Ворлд во Каталонија во неделата повреди 14 лица, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во приморската општина Вила-сека. Од 14 повредени, пет се хоспитализирани, од кои двајца се во критична состојба, соопшти каталонската служба за итни случаи во објавата на X. „Налетот на силен ветер“ предизвика пад на дрво во близина на возот на смртта, а неколку гранки ги фатија луѓето на атракцијата, објаснуваат од паркот.

Портпаролот на каталонската полиција за агенцијата Франс прес изјави дека делови од дрвото паднале на еден од вагоните „Томахавк“, кој на веб-страницата на паркот е претставен како атракција за деца. Регионалната полиција отвори истрага за несреќата.