10.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Митрески: Ги уверувам граѓаните дека во текот на денешниот ден ќе има решение за проблемот со возачките дозволи

Претседателот на Собранието Јован Митрески на Фејсбук:

Ги уверувам граѓаните дека во текот на денешниот ден ќе има решение за проблемот со возачките дозволи.
Утринава одржав низа координативни состаноци со координаторите на пратеничките групи, премиерот Џафери, со надлежните министри, како и со претставници на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, направени се меѓусебни усогласувања, во текот на денот ќе закажам итна собраниска седница.
Ова, меѓудругото, го соопштив во интервјуто за Медиумската информативна агенција, каде разговаравме и за други актуелни прашања поврзани со активностите и функционирањето на Собранието.