10.8 C
Скопје
5. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчки брод погоден од два проектили во Црвеното Море

Британската компанија за поморска безбедност „Амбри“ соопшти дека грчки товарен брод кој пловел под знамето на Маршалските Острови бил погоден од два проектили со разлика од две минути додека минувал низ теснецот Баб-ел-Мандеб.

Товарниот брод наводно бил погоден и претрпел материјална штета од десната страна, додава Амбри.

Британската компанија соопшти дека екипажот на товарниот брод го забележал проектилот во близина на бродот, 75 километри јужно од јеменското пристаниште Мока на Црвеното Море.

Јеменските бунтовници Хути напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море од 19 ноември, како што тврдат, за одговор на израелските воени операции во Појасот Газа, што ги натера САД и Велика Британија да извршат одмазднички напади врз воени цели на Хутите во Јемен минатиот месец.