10.8 C
Скопје
5. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица мртви во напад на бродска компанија во Грција, мртов е и напаѓачот

Три лица се убиени во престрелка во бродска компанија во Глифада кај Атина, а сторителот си го од зел
животот, јавува грчката телевизија ЕРТ.

Насилникот се самоубил во канцеларијата на таа фирма. Тој утрово влегол во зградата и почнал да пука.

Според грчките медиуми, сторителот е 70-годишен маж, поранешен вработен во компанијата.

На местото на настанот се испратени најмалку три возила на брза помош.

Мотивите за нападот не се откриени.