5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Бебе почина при породување во болницата во Славонски Брод, трудницата немала никакви проблеми во текот на бременоста

Во општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ во Славонски Брод на крајот на јануари починало бебе при породување, потврдија од болницата.

Од Општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ рекоа дека е извршен внатрешен увид и дека се уште се утврдуваат околностите на настанот.

„Извршен е вонреден внатрешен мониторинг и во тек се активности за утврдување на околностите за настанување на несаканиот настан“, одговорија од управата на болницата.

Трудницата немала никакви проблеми во текот на бременоста.