5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Путин го искористи Такер Карлсон“ – бурни реакции на првото интервју на рускиот лидер за западен медиум од почетокот на војната

Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин кое во Москва го даде на американскиот новинар Такер Карлсон предизвика бројни реакции ширум светот. Првото интервју на рускиот претседател со западните медиуми од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, кое беше објавено на полноќ на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), беше прегледано од повеќе од 30 милиони луѓе за само два часа по неговото објавување.

Владимир Путин во интервјуто зборува за старите и веќе споемнати причини за нападот на Украина, но и за Третата светска војна.

Ова се клучните изјави на Путин:

– Причината за инвазијата е актуелната украинска влада

– Го предупредив Бајден пред инвазијата дека прави голема грешка

– ЦИА го саботираше Северен тек

– Напад на Полска или на Балтикот би го довел светот на работ на конфликт

– Русија беше подготвена за договор, Украина се откажа поради убедувањето на Борис Џонсон

„Политико“ го издвојува овој наслов: „Путин му кажа на Такер Карлсон дека војната во Украина може да заврши за неколку недели“.

Тие го истакнуваат прашањето на Карлсон за можноста за мир во Украина, на што Владимир Путин одговори:

„Ако навистина сакате да ја запрете војната, мора да престанете да ја снабдувате Украина со оружје“ рече Путин, мислејќи на помошта од Западот за Киев и заклучи:

„Ќе биде готово за неколку недели. Тоа е тоа“.

„Во интервју за Такер Карлсон, Путин вели дека Русија не може да биде поразена во Украина“, е насловот на „Ал Џезира“.

„Њујорк тајмс“ го издвои насловот: „Путин ги повикува САД да преговараат за Украина во интервју со Такер Карлсон“, додека „Ролинг Стоун“ смета дека Путин го избришал подот со Такер.

„Путин го искористи Такер Карлсон за да го избрише подот на Кремљ“ гласи насловот на познатиот магазин.

За Индипендент и Би-Би-Си важна вест е можноста за ослободување на затворениот американски новинар.

„Путин му рекол на Карлсон дека може да се постигне договор за ослободување на затворениот американски репортер Еван Гершковиќ“, пишува Би-Би-Си, додека Индипендент интервјуто го следеше во живо и во наслов „комбинираше“ Украина, историја и затворениот новинар.

Ројтерс го сумираше интервјуто со зборовите „Путин нема да го нападне НАТО“.

„Путин му рекол на Такер Карлсон дека Русија нема интерес да ги нападне Полска или Латвија“, пишува Ројтерс.

Уште пред да биде објавено интервјуто, Карлсон доби низа критики затоа што отпатува во Москва за да го интервјуира рускиот лидер. Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон го нарече ТВ водителот „корисен идиот“.

Претходно, најавувајќи го интервјуто, Карсон нагласи дека целта е да се слушне и другата страна, а не само западната пропаганда.

Такер Карлсон е десничарски телевизиски водител кој имаше премиерно шоу на Фокс њуз од 2016 година до неговото отпуштање во 2023 година.

Заминувањето на Карлсон дојде набргу откако Fox News се согласи да плати повеќе од 787 милиони долари на Dominion Voting Systems, која ја тужеше телевизиската станица за клевета и ширење лажни вести за украдени избори во 2020 година.

Граѓаните на Украина, кои беа интервјуирани од „Киев пост“, луто реагираа на интервјуто уште пред да биде објавено.

„Дали Такер Карлсон разбира дека пораката на ѓаволот го легитимира пеколот на земјата. И дали разбира дека тој самиот ќе гори во пеколот? Или мисли дека му оди добро?“, беше еден од коментарите.