5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ја употреби сета сила и воена моќ доколку биде нападната

Северна Кореја има голема моќ и ќе ја употребиме сета сила доколку не нападнат, изјави лидерот на таа азиска земја Ким Џонг-ун на прославата на годишнината од севернокорејската армија.

„Доколку непријателите се обидат да употребат сила против нашата земја, ние ќе донесеме храбра одлука. Нема да се двоумиме ни секунда и ќе ја промениме историјата. Ќе ја искористиме сета наша воена моќ и тоа е одлично да го избришеме непријателот од земјата“, изјави Ким Џонг Ун при посетата на тамошното Министерство за одбрана.

Кога ги спомна непријателите, тој првенствено мислеше на неговите соседи, Јужна Кореја, која ја означи како непријател број еден.

„Уште еднаш повторувам, никогаш нема да водиме дијалог и преговори со Јужна Кореја“, додаде Ким Џонг-ун.