5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Пакистан на ​​денот на изборите пет лица загинаа во напади на милитантите

Најмалку пет лица загинаа во нападите на милитантите во Пакистан на денот на парламентарните избори и покрај преземените мерки на претпазливост од страна на властите, вклучително и суспендирање на услугите на мобилни телефони во целата земја и затворање некои копнени граници.

Четворица полицајци се убиени, а двајца се ранети кога вооружени лица фрлиле бомба, а потоа пукале врз полициска патрола во северозападната област Дера Исмаил Кан, изјави претставникот на локалната полиција, Калид Кан.

Едно лице е убиено кога вооружени напаѓачи отвориле оган врз возило на безбедносните сили во Тенк, кој се наоѓа на 40ина километри северно од областа Кулачи, пренесува „Ројтерс“. Напади со гранати беа пријавени и во разни делови на Белуџистан, но како што изјави за „Ројтерс“, Саид Ахмед Умрани, комесар на дивизијата „Макран“, нема жртви.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но областа е поранешно упориште на пакистанските талибанци, кои често се насочени кон полициските сили, пренесува АП. Десетици милиони Пакистанци денеска гласаат за нова влада, речиси две години откако претходниот пакистански премиер Имран Кан се повлече од власт.