5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потврдена смртта на петтемина маринци: американски хеликоптер се урна во планините во близина на Сан Диего

Американската војска ја потврди смртта на петмина маринци од хеликоптерот што поради невреме се урна вчера во планините во близина на Сан Диего.

Хеликоптерот „Супер пастув“ исчезна од радарот во вторникот вечерта додека се враќаше во базата на Маринскиот корпус во Мирамар, Сан Диего, по тренинг лет северозападно од Лас Вегас.

Авионот се наоѓал вчера наутро во близина на планинското село Пајн Вели, на еден час возење од Сан Диего.