5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Верижен судир во Москва, учествувале најмалку 50 возила, има загинати и повредени

Едно лице загина, а седум се повредени денеска во два одвоени верижни судири во Москва во кои учествувале повеќе од 50 возила.

Првиот верижен судир се случи на автопатот М-4 во близина на градот Ступина. Во него учествувале 29 возила, а едно лице загинало, а три се повредени, пренесува РИА.

Втората поголема сообраќајна несреќа се случила на автопатот М-8 во областа Пушкино, во која се судриле 22 автомобили, при што четири лица се повредени.

Последните денови во Москва се влоши времето поради циклонот „Олга“, а денеска обилни снежни врнежи се забележани во руската престолнина.