5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Oткриена причината за смртта на поранешниот претседател на Чиле

Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пинера починал од задушување кога хеликоптерот со кој управувал во вторникот се урна во езеро во јужниот дел на Чиле, соопшти денеска локалното обвинителство.

Локалниот обвинител Татјана Ескивел изјави пред новинарите дека причината за несреќата се уште не е утврдена, но дека форензичките податоци овозможуваат да се утврди веројатната причина и дека специјализиран тим во моментов го истражува местото на несреќата, пренесе Ројтерс.

Властите синоќа извршија обдукција на телото на Пинера.

„Поранешниот претседател беше во хеликоптер со членови на семејството. По падот на авионот, три лица успеале да излезат со одврзување на појасите, но четвртото лице, поранешниот претседател Себастијан Пинера, останало во оштетениот авион“ јави радио станицата Биобио.

Посмртните останки на поранешниот претседател од денеска се изложени во седиштето на поранешниот Конгрес во Сантијаго.

Погребот ќе се изврши во петок.

Хеликоптерот со Пинера (75) се урнал во езерото Ранко во јужниот дел на Чиле веднаш по полетувањето.