5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел го поддржа повикот на Гутереш за интервенирање на Советот за безбедност во врска со војната во Газа

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го поддржа повикот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш до Советот за безбедност да интервенира во врска со војната во Газа.

Тој во објава на платформата Икс (Твитер) апелираше до „членовите на Советот за безбедност на ОН и истомислениците од ЕУ“ да го поддржат повикот на генералниот секретар, објави бриселскиот портал Политико.

Борел, исто така, ги критикуваше израелските доселеници на окупираниот Западен Брег за уривањето на палестинското училиште изградено со средства на ЕУ, нарекувајќи го тоа „кршење на меѓународното право“ и додавајќи дека „насилството на доселениците врз палестинските заедници мора да престане“.