10.8 C
Скопје
28. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Детали за планираниот терористички напад во Германија: Се договориле преку СМС пораки

Германските власти уапсија две млади лица за кои се вели дека планирале терористички напад во Германија, јавува НТВ.

Според извештаите, двајцата осомничени преку пораки се договориле да извршат напад на божиќниот пазар или синагогата во Келн користејќи запаливи средства или мал камион, јавуваат германските медиуми.

Според тоа, при набљудувањето на релевантните канали на Телеграма, Канцеларијата за заштита на Уставот наиде на 16-годишен Чеченец од Витсток во Бранденбург и 15-годишен Авганистанец од Буршеид во Северна Рајна-Вестфалија.

Како што објави WDR, обвинителите спроведуваат истрага поради сомневање дека планирале да извршат терористички напад. Властите одбија да го коментираат ова прашање.

Младиот човек од Бранденбург безбедносните власти го оквалификуваат како „релевантна личност“ на исламистичката сцена.

За него се вели дека е љубител на оружје, екстремно насилен и дека привлекувал внимание во минатото со ширење на џихадистичка пропаганда. Неговиот брат исто така се карактеризира како крајно насилен.

Кога бил уапсен, носел нож, пренесува „Тагесшпигел“. Во неговиот стан биле пронајдени неколку мобилни телефони.

Специјалците ги следат осомничените од викендот.

Со оглед на војната на Блискиот Исток, Федералната канцеларија за заштита на Уставот дури денеска предупреди на акутната опасност од „исламистички напади“ во Германија. Ризикот од напади достигна „нов квалитет“, објасни Томас Халденванг од Федералната канцеларија за заштита на уставот во Берлин.

– Опасноста е реална и поголема отколку што беше долго време – рече тој.