Индонезиската болница во Газа е претворена од медицински центар во масовна гробница, изјави портпаролот на министерството под контрола на Хамас, Ашраф ал-Кудра, пренесе Си-ен-ен.
Повикувајќи се на персоналот на болницата, портпаролот рече дека има трупови во сите одделенија и дека многу животи се изгубени поради недостиг на резерви.
„Пред мртовечницата има 60 тела“, рече Кудра додавајќи дека тие ќе бидат погребани во дворовите во болницата. Си-ен-ен наведува и повикувајќи се на својот известувач, кој се наоѓа во болница во Индонезија, дека ситуацијата во таа институција е многу тешка.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...