10.8 C
Скопје
3. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Газа: Најмалку 17 лица загинаа во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат

Најмалку 17 лица загинаа во израелските напади врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, јавија утринава палестинските медиуми.

Новинската агенција Вафа објави дека 17 лица загинале во нападот на полноќ, додека Палестинскиот информативен центар соопшти дека загинале 15 лица, а „голем број“ се уште се под урнатините.

Би-Би-Си вели дека не може да ги потврди бројките на жртвите.