-1.2 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тирк: „Страшни настани во изминатите 48 часа во Газа, јас сум вџашен“

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, рече дека е „згрозен од страшните настани во изминатите 48 часа во Газа“.

„Убиството на толку многу лица во училиштата што беа претворени во засолништа во услови на бегство на стотици други од болницата ‘Ал Шифа’ и раселување во јужниот дел на Газа е целосно спротивно на заштитата на цивилите што ја бара меѓународното право“, рече Тирк на социјалната мрежа Х.

Тој во видеопорака рече дека „ова мора да престане“ и дека треба да се воспостави прекин на огнот „врз основа на хуманитарни и човекови права“, пренесува Би-би-си.