10.8 C
Скопје
3. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Официјален претставник на ОН го нападна Израел: Престанете да ја користите водата како оружје

Официјален претставник на ОН за човекови права го повика Израел да престане да ја користи водата како „воено оружје“ и да дозволи пристап до чиста вода и гориво до Газа за да се рестартира водоводната мрежа.

– Секој час што минува додека Израел го спречува снабдувањето со здрава вода за пиење во Појасот Газа, со грубо кршење на меѓународното право, ги изложува жителите на Газа на ризик да умрат од жед и болести поврзани со недостаток на здрава вода за пиење – рече Педро Аројо-Агудо, специјален известувач на ОН за вода.

Тој го потсети Израел дека свесно „го крши и меѓународното хуманитарно право и човековите права“. „Влијанието врз јавното здравје и хигиената ќе биде незамисливо и може да резултира со поголем број цивилни жртви отколку веќе колосалниот број на жртви од бомбардирањето во Газа“, додаде тој.

Тој најави дека децата – особено оние помлади од пет години – први ќе бидат погодени од кризата со вода и канализација, а жените. „Овие често невидливи жртви на војната може да се спречат и Израел мора да ги спречи. Израел мора да престане да ја користи водата како воено оружје“, рече тој.