Жителите на јужниот дел на Газа вчера известија дека израелските сили фрлаат летоци на одредени области, предупредувајќи ги да си заминат. Летоците дојдоа откако израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека копнената операција на крајот „ќе ги вклучи и северот и југот“.
Како дополнителен показател дека Израел би можел да почне да ги концентрира нападите во јужните делови на териториите, каде жителите на Газа бегаат во последните недели, Галант синоќа изјави дека „следната фаза е започната“.
Тој тврди дека израелските сили го исчистиле целиот западен дел на градот Газа, кој се смета за упориште на Хамас, додека началникот на Генералштабот на армијата вели дека се блиску до уништување на воениот систем на Хамас на север.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...