4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

50 повредени во Србија – Се судрија товарен и патнички воз

Кај Оџак се судрија два воза, повредени 50 лица, од кои двајца тешко, истрагата е во тек.

Во градот Ратково кај Оџак вечерва се случи железничка несреќа кога се судрија патнички и товарен воз. Неколку лица се повредени, а според првите информации нема загинати.

Во момнетов во болница се 50 повредени во железничката несреќа, од кои двајца се тешко повредени.

Настанот бил пријавен околу 19 часот и 10 минути.

Патнички воз налета на товарен воз од задната страна во градот Ратково, јавува РТС.

Од силината на ударот патничкиот воз излета од шините.

Според очевидци, пожарникарите ги извлекле машиновозачот и кондуктерот.

На патничкиот воз никој не му кажал дека товарниот воз се расипал и дека стои на ниво на преминот кон Лалиќ, па патничкиот воз со полна брзина удрил во товарниот воз, дознава Данас.

Според изјавите на двајца сведоци кои пристигнале во болницата во Сомбор, товарниот воз бил расипан, па патничкиот воз го стигнал и го удрил одзади додека стоел на шините.

„Српска железничка инфраструктура“ наведува дека се повредени пет лица – четворица патници и машиновозачот кој го повредил рамото.

Од Итната помош на болницата во Сомбор велат дека биле известени дека на нивната клиника треба да пристигнат пет до шест повредени, изјави за Данас Александар Дикиќ, лекар во болницата во Сомбор.