8.8 C
Скопје
29. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Банда упадна во болница во Хаити, држејќи како заложници стотици жени, деца и новороденчиња

Вооружена банда упадна во болница на Хаити и зеде како заложници стотици жени, деца и доенчиња, изјави директорот на болницата Хозе Улисе.

„Ние сме во голема неволја“, рече тој.

Засега не се познати деталите за инцидентот и не е јасно зошто напаѓачите ги зеле пациентите како заложници.

„Улисе ги обвини членовите на т.н банда Бруклин предводена од Габриел Жан-Пјер, попознат како „Ти Габриел“. Тие се занимаваат со изнуда, киднапирање и насилство врз цивили“, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Бандите низ Хаити се сè помоќни по атентатот на претседателот Џовенел Мојс во јули 2021 година, а бројот на киднапирања и убиства е во пораст, според американската агенција.