-1.2 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Прва снимка од болницата Ал Шифа во Газа

Видеата кои кружат на социјалните мрежи ја покажуваат внатрешноста на болницата Ал Шифа и израелските сили внатре. Снимките ги пренесоа медиумите на арапски јазик.

Израелската армија објави дека влегла во комплексот Ал Шифа, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „врз основа на разузнавачките и оперативните потреби“ спроведуваат „прецизна и насочена операција против Хамас во одредени области на болницата Ал Шифа“.

Израелската армија се уште не најде никакви индикации дека заложниците се во болницата Ал-Шифа, според Израелското радио. Како што беше кажано, претресите во комплексот продолжуваат, јавува Си-ен-ен.