4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Пукање на аеродром во САД: Жена испукала најмалку три куршуми, веднаш уапсена

Една жена е уапсена откако биле испукани истрели на меѓународниот аеродром во Портланд.

Престрелката се случила во вторникот на излезите Д и Е, при што биле испукани најмалку три истрели.

Се се случило синоќа околу 23 часот по локално време, по што осомничениот бил уапсен.

Полицијата сè уште не потврдила што довело до пукањето, но аеродромските власти во средата потврдија дека на аеродромот имало истрели.

Инцидентот предизвикал паника кај патниците, а некои се сокриле и побарале засолниште.

За време на инцидентот нема повредени.