4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јордан го осуди израелскиот упад во болницата: Тоа е кршење на меѓународното право

Јорданското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое ја осудува израелската воена акција во болничкиот комплекс Ал Шифа.

„Ова е кршење на меѓународното хуманитарно право, особено Женевските конвенции од 1949 година, кои се однесуваат на заштитата на цивилите во време на војна“, соопшти Министерството, додавајќи дека Израел сега е одговорен за безбедноста на цивилите и медицинскиот персонал кој работи во болницата.