-1.2 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелската армија ја срушила зградата на Парламентот во Појасот Газа? (ВИДЕО)

Израелската армија ја урна зградата на Парламентот, односно Законодавниот совет во блокираниот Појас Газа, јавува Анадолија.

Израелските медиуми споделија снимка од моментот кога се случи силна експлозија во зградата на Парламентот на северот на Појасот Газа.

На снимката се гледа како зградата на Парламентот се урива со огромна експлозија и густи облаци од прашина што се издигнуваат во воздухот.

Израелската армија се уште не го коментираше уривањето на зградата.

Претходно беше соопштено дека израелските сили ја окупирале зградата на Парламентот на северот на Појасот Газа.