-1.2 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Израел е терористичка држава, а израелските доселеници се како терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е терористичка држава која врши воени злосторства во Газа и го крши меѓународното право, пишува Гардијан.

Тој повтори дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација, туку политичка партија избрана од Палестинците. Во обраќањето пред претставниците во парламентот, Ердоган рече дека Турција ќе се обиде да постигне израелските доселеници да се гледаат како терористи на меѓународната сцена.