-1.2 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски разурнувач собори дрон; Дали беше вооружен?

Воен брод на американската морнарица собори беспилотно летало во Црвеното Море кое доаѓало од Јемен, соопштија денеска двајца американски претставници.

Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека Томас Хаднер, уништувач од класата Арли Бурк, го соборил дронот рано утринава по локално време.

Се чини дека тоа е втор пат во краток временски период САД да соборуваат проектили во близина на нивните воени бродови од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Официјални лица не кажаа дали дронот бил вооружен или колку блиску дошол до бродот пред да биде соборен.

Освен тоа, јеменските Хути вчера објавија дека лансирале серија балистички ракети кон различни воени цели во Израел, вклучувајќи го и градот Еилат.

Портпаролот на милитантната група рече дека лансирањето следело по „24-часовна воена операција“ која вклучувала напади со беспилотни летала врз цели во Израел, пренесува Ројтерс.

„Нема да се двоумиме да гаѓаме кој било израелски брод во Црвеното Море или на кое било друго место“, рекоа Хутите.