Најмалку 117 студенти во провинцијата Испарта на западот од Турција се отруле со вечера во студентскиот дом, а полицијата повела истрага, пренесе „Хабер турк“. Според најавата на гувернерот на покраината, Саид Нурси, 117 студенти, кои престојувале во домот „Бедиузаман“, побарале помош во градската болница поради дијареја, гадење и стомачни болки.
Им била укажана помош, а потоа се вратиле во студентскиот дом и никој не бил хоспитализиран.
„Учениците рекоа дека причина за нивната болест можела да биде вечерата на 11 ноември во студентската менза. Примероците од храна и вода се испратени на испитување во Секторот за здравство и земјоделство, а Основното обвинителство почна истрага за инцидентот“, се вели во соопштението на гувернерот Нурси.
Сомненијата се дека пилешкото било расипано, а вечерта во студентската менза јаделе 1.231 студент.