-1.2 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Трагедија во Лондон: во пожар во куќа изгоре петчлено семејство, меѓу жртвите има и деца

Петчлено семејството загина во пожарот што ја зафати куќата во Хаунслоу во западниот дел на Лондон.

„Меѓу жртвите има и деца“, објави Рут Кедбери, пратеник во британскиот парламент за областа Брентфорд и Ајлворт.

Би-би-си јавува дека десет противпожарни возила со околу 70 лица од лондонската противпожарна бригада интервенирале на местото на пожарот.

Се наведува дека едно лице се води како исчезнато, а другото било пренесено во болница.

„Се верува дека неговите повреди не се опасни по живот“, соопшти лондонската полиција.