4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петмесечно бебе почина од глад во Унгарија, полицијата поведе истрага

Петмесечно бебе почина од глад во Унгарија, а полицијата сега го истражува убиството бидејќи било утврдено дека бебето тежи само три килограми.

Според локалните медиуми, детето било пронајдено мртво во својот кревет утрото на 11 ноември.

Полицијата соопшти дека против непознато лице се води истрага за убиство од небрежност.

Медиумите јавуваат дека мајката на починатото бебе има уште две деца.