4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лав избегал од циркус во италијански град: Слободно се движи по улиците, луѓето затворени во своите куќи

Жителите на италијанскиот град Ладисполи во близина на Рим беа повикани да останат дома во саботата, откако лав избега од циркусот.

Дивото животно набрзо било лоцирано, а во акцијата се вклучиле сите можни полициски служби, како и работниците на циркусот од кој побегнал лавот.

На социјалните мрежи брзо се појави возрасен лав, кој иако го следеше полициско возило, сосема опуштено се шеташе низ улиците на градот.

Алесандро Грандо, градоначалник на Ладисполи, град со околу 40.000 жители, објави предупредување на социјалните мрежи, велејќи дека полицијата им помага на вработените во циркусот во потрагата.

Очекувајќи можни тужби, Грандо појасни дека не го одобрува присуството на цикусот со лавови во градот, но дека нема овластување да го спречи тоа.

Сопствениците на циркусот „Рони Ролер“ од кој избега лавот, со прст го вперуваат активистите за правата на животните и тврдат дека тие биле жртви на саботажа.

Како што пренесува „Ла Република“, лавот е опкружен и чека ветеринарите да го заспијат.