4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски воен авион се урна над источниот дел на Средоземното Море

Европската команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави во саботата објави дека американски воен авион се урнал над источниот дел на Средоземното Море.

Станува збор за авион кој вршел тренажни операции, а додаваат дека истрагата за падот е во тек, но дека нема индиции дека се работи за некаква непријателска активност.

Засега не е јасно на која воена служба и припаѓа авионот. Воздухопловните сили испратија дополнителни ескадрили во регионот, а во источниот Медитеран оперира и носачот на авиони USS Gerald R. Ford, во кој има голем број авиони.

На крајот од соопштението се наведува дека од почит кон семејствата погодени од овој инцидент нема да бидат објавени никакви информации за оние кои биле во авионот.