4.8 C
Скопје
28. ноември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стотици куќи поплавени на северот на Франција, евакуирани 133 лица

Во департманот Па-де-Кале на северот на Франција, по обилните врнежи, поплавени се стотици куќи и обработливи полиња, евакуирани се 133 лица, а црвениот метеоролошки аларм и денеска е во сила.

Од понеделникот три лица се полесно повредени во поплавите.

Во тој ресор за синоќа беа најавени 90-100 милиметри дожд на квадратен метар, колку што е количината врнежи за просечно месечно ниво, а врнежите продолжија и денеска и се прогнозираат од 30 до 50 милиметри врнежи, објави „Фигаро“.