Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е подготвен да ги земе повредените Палестинци од Газа, додека болниците во енклавата известуваат дека се преполни.
Тој додаде дека Турција ќе вложи напори да го зголеми притисокот врз Израел, со цел да обезбеди евакуација на повредените Палестинци од Газа.
Тој посочи дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен (Антони) е отворен за дискусии за зголемување на протокот на хуманитарна помош на преминот Рафах, при што Ердоган сака да види до 500 камиони дневно.
– Анкара ќе преземе чекори за обезбедување амбулантни возила, храна, вода и лекови за Газа во соработка со други земји – додаде тој при враќањето по самитот на Организацијата за економска соработка во главниот град на Узбекистан, Ташкент.
Тој истакна дека „се обидуваат да направат нешто за да ја спречат оваа рана што крвари“.
– Ако САД почнат да го споделуваат тоа чувство, полесно ќе го запрат Израел. Ако не се реши прашањето за Израел, не станува збор за целосен мир и меѓународен правен поредок, ниту во нашиот регион, ниту во светот. Ако сте искрени за прекинот на огнот, извршете притисок врз Израел да ги спроведе резолуциите на ОН – рече Ердоган.