4.8 C
Скопје
7. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски функционер е убиен во Украина, неговиот автомобил бил кренат во воздух

Членот на Народниот совет на Луганската Народна Република (ЛНР) и поранешен шеф на Народната милиција на ЛНР, Михаил Филипоненко е убиен денеска во Луганск. Веста на својот канал на Телеграм ја потврди претставникот на регионалниот парламент Јуриј Јуров, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

„Пред еден час, нашиот колега, претставник на Народниот совет на ЛПР, поранешен шеф на одделот на Народната милиција на ЛПР, човек кој учествуваше во создавањето на народната милиција на републиката, полковник Михаил Јуриевич Филипоненко, загина во Луганск“, напиша Јуров.

Тасс пишува дека подоцна се дознало дека Филипоненко загинал во експлозија на автомобил. Инаку, на 21 февруари годинава веќе имаше обид да се изврши атентат врз него. Тогаш неговиот автомобил бил кренат во воздух во близина на претставништвото на ЛПР, но тој преживеал.

Филипоненко е роден на 20 јуни 1975 година во Луганск (во тоа време Ворошиловград). Дипломирал на Киевскиот национален универзитет за градежништво и архитектура и бил приватен претприемач во градежната индустрија. Од 2014 до 2022 година служел во Народната милиција на ЛНР.

ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...

1.

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ПОМОШ: По 3000 денари месечно за пензионерите кои земаат најниски пензии – пари секој месец ќе им стигаат и на учениците и студентите

2.

АХВ: Се повлекува негазирана флаширана вода, не е безбедна за пиење!

3.

Ескорт дамите открија како изгледа платената интимна врска: „Често доживувам оргазам со спонзори“