4.8 C
Скопје
10. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин в четврток во официјална посета на Казахстан: „Се очекува потпишување голем број важни заеднички документи“

Рускиот претседател Владимир Путин в четврток, на 9 ноември, ќе престојува во официјална посета на Казахстан, каде што со казахстанскиот претседател, Касим Зомарт Токаев, ќе разговара за клучните прашања од односите меѓу Москва и Астана, соопшти денеска Кремљ.

„За време на средбата со претседателот на Казахстан, планирано е да се разговара за клучните прашања за натамошниот развој на руско-казашките односи на стратешко партнерство и сојуз, перспективите на интеракција во рамките на интегративните асоцијации во евроазискиот простор, како и актуелните регионални и меѓународните проблеми“, се вели во соопштението.

Двајцата лидери ќе учествуваат и на пленарната сесија на 19. форум за меѓурегионална соработка на Русија и Казахстан.

Се очекува потпишување голем број важни заеднички документи, а двајцата претседатели ќе дадат изјави за медиумите, се наведува во соопштението.