Од почетокот на нападот на Хамас врз Израел, американските бази во Ирак и Сирија биле погодени 38 пати, соопшти Пентагон.
Повеќето од нападите биле напади со ракети и беспилотни летала, а се верува дека биле извршени од групи поврзани со Иран, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер.
Најмалку 45 припадници на американската војска беа повредени во нападите, вклучително и 24 кои пријавија трауматски повреди на мозокот.
САД сега имаат четири главни цели на Блискиот Исток, истакна Рајдер.
– Тоа се: заштита на американските сили и граѓаните во регионот; обезбедување „критична безбедносна помош“ за одбраната на Израел против Хамас; помагање на Израел да обезбеди ослободување на заложниците и зајакнување на неговата „државна моќ“ во регионот со цел да се спречи ескалација на кризата надвор од Газа – нагласи тој.