10.8 C
Скопје
3. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мирослав Лајчак: Договорени следните чекори во дијалогот меѓу Приштина и Белград

Специјалниот пратеник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, изјави дека за време на разговорот со вицепремиерот и шефот на косовскиот преговарачки тим за дијалогот, Бесник Бисљими, се договорил за следните чекори во дијалогот.

„Само што се сретнав со првиот вицепремиер Бесник Бисљими. Тоа е продолжение на последната средба со европските лидери во Брисел и последица на потребата од целосна имплементација на договорот за патеката за нормализација, без одлагање или предуслови. Се договоривме и за следните чекори во дијалогот“, напиша Лајчак на платформата Х (поранешен „Твитер“).

Средбата се одржа во понеделникот вечерта.

Бисљими рече дека на работната вечера со Лајчак се разговарало за сите аспекти поврзани со целосната имплементација на основниот договор од Брисел и анексот за имплементација од Охрид.

За денеска е најавена средба меѓу Лајчак и лидерите на опозициските партии, Мемљи Красниќи од Демократската партија на Косово, Љумир Абџиќ од Демократскиот сојуз на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово.