Случај на труење е потврден откако на социјалните мрежи се појавија пораки со предупредување до граѓаните да не консумираат сокови и води произведени од познат бренд, бидејќи предизвикуваат сериозни здравствени проблеми.
Клиничкиот болнички центар Риека го потврди случајот на труење, соопштувајќи дека на болничкото одделение е примено едно лице под сомнение за повреда на хранопроводникот предизвикана од хемиска супстанца. Во моментов состојбата на пациентот е стабилна, а се спроведуваат дополнителни дијагностички и терапевтски процедури. Веднаш по приемот во болница, пријавата е доставена до надлежните истражни органи на ПУ Приморско-горанска.
Настанот го потврди и риечката полиција која соопшти дека добила пријава за лице на кое му се слошило откако конзумирало безалкохолен пијалок во ресторан во центарот на Риека. Лицето е пренесено во КБЦ Риека за укажување лекарска помош. Полицијата изврши увид, заплени одредени предмети и изврши разговори со повеќе лица во врска со овој инцидент.
Важно е да се напомене дека освен овој настан, во полиција не се пријавени други слични инциденти, а истрагата е во тек за утврдување на причините и околностите поврзани со труењето. Граѓаните се уште се загрижени за безбедноста при консумирање одредени пијалоци, а надлежните институции преземаат мерки за обезбедување на здравјето на граѓаните.