5.8 C
Скопје
7. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снежна бура во Кина: училиштата затворени, стотици летови откажани

Невообичаено студено време и снежни виулици денеска го погодија североисточниот дел на Кина, поради што стотици летови беа откажани и училиштата беа затворени, додека на жителите им се препорачува да останат дома.

Кинеската метеоролошка управа предупреди на драстичен пад на температурите во наредните денови, заедно со снежни виулици, објавија кинеските државни медиуми.

Кинеската провинција Хејлонгџијанг доцна во неделата издаде црвен метеоролошки аларм, бидејќи денеска во некои градови се очекува да паднат снег од 20 до 40 милиметри со силен ветер, објавија агенциите.

Поради екстремно студеното време, градските управи во Пекинг и Тијанџин ги прават подготовките грејната сезона да започне порано од вообичаено.

Централната метеоролошка управа соопшти дека во текот на оваа недела се очекува спуштање на температурата под нулата во североисточна Кина.

ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...

1.

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ПОМОШ: По 3000 денари месечно за пензионерите кои земаат најниски пензии – пари секој месец ќе им стигаат и на учениците и студентите

2.

АХВ: Се повлекува негазирана флаширана вода, не е безбедна за пиење!

3.

Ескорт дамите открија како изгледа платената интимна врска: „Често доживувам оргазам со спонзори“